Tuesday, December 18, 2012

                                      ОДПАД И ШТО СО НЕГО?



Секој отпад свое место има
во корпа фрли го и во лето и во зима
Тоа значи кош дај
и во март и во мај. ;)
Да ја чуваш околината
убаво било
на очите
да им е мило..
Средината од отпад
треба да се штеди.
Верувај ти
тоа многу вреди.!! :)))
                                               РЕЦИКЛИРАЊЕ

Рециклирањето е процес на преработка на продуктите што се наоѓаат во отпадот, при што тие служат како суровини за производство на нови продукти. На тој начин се забавува исцрпувањето на суровините присутни во природата. При производството на предмети добиени од секундарни суровини, се трошат помали количества енергија отколку што би се потрошиле при добивање на производите од примарни суровини, што го прави рециклирањето енергетски ефикасен процес. Речиси половина од отпадот што го создаваме може да се рециклира. 30% од лушпите од зеленчукот и од другиот органски отпад што го фрламе, може да се
компостира.

Новите технологии постојано го подобруваат квалитетот и дизајнот на рециклираните материјали, а подобрувањата на производствените процеси резултираат во производство на голем број рециклирани производи. На пример, рециклираната хартија денеска е со слични карактеристики како и висококвалитетната хартија произведена од примарни суровини и може да се употребува на ист начин во принтерите и фотокопирите.
 
    Процесот на рециклирање како целина е завршен кога купуваме производи направени од рециклирани материјали, со што придонесуваме за понатамошното стимулирање на овој процес и помагаме во затворањето на кружниот тек на     материјата.


 ОВА Е ЕДЕН МАЛ ПРОЕКТ ЗА ЕДКОЛОГИЈА :)))





 sAvE tHe  pLaNeT

                     КОЛКУ БИ БИЛО УБАВО НА ОВА МАЛО ДРВЦЕ ДА МУ           ОВОСМОЖИМЕ ДА РАСТЕ И ДА НИ ГО ПРОЧИСТУВА ВОЗДУХОТ :))



                                                         Е БАШ ЕКО ПЕСНА...!!




Па ајде сите ние
да се здружиме ко едно
еко акции да организираме
да работиме вредно.

На секое ќоше
корпа за отпад да се стави
за да може градот
здравјето и убавината да ги слави.

Да напишеме пораки
да се фатиме за рака
и во еден глас да извикаме
ПРИРОДАТА МОЛИ И СПАС САКА!!!!!

                                                              ЕКОЛОГИЈА



Да се грижиме за околината, значи да нашето ѓубре го фрламе во огредено време на одредено место, помалку возење автомобил, по можност велосипед, да употребуваме еколошки неотровни средства за домаќинство, има и многу други работи што се неопходни за да се допринесе за почиста околина и поздрава планета.
Но не било отсекогаш така, но поранешната негрижа од страна на фактор човек допринесе да се внимава денес од било кога.
Поимот екологига ("oekologie") е составен во 1866 година од страна на германскиот биолог, Ернст Хекел, од грчкиот oikos што значи „домаќинство“ и logos што значи „наука“, или наука за домот. Со ова се гледа дека оваа наука или поим е релативно млад, односно стотина година. За да се зачува планетата земја, човекот како најсовршен жив организам највеќе треба да се грижи за чиста и здрава еко планета.
Основата на животот, на земјата се: вода, воздух и земја, па затоа и еколошка чистота од страна на луѓето придонесува за здрав живот на планетата земја.
Всушност екологија е наука што ги изучува распределбата и изобилството на живи организми, односите меѓу организмите и нивната средина. Средината на организмите ги вклучува и нивните физичките карактеристики, кои можат да се опишат како сума на локални абиотички фактори како клима и геологија, како и другите организми што го делат истото живеалиште.