Да се грижиме за околината, значи да нашето ѓубре го фрламе во огредено време на одредено место, помалку возење автомобил, по можност велосипед, да употребуваме еколошки неотровни средства за домаќинство, има и многу други работи што се неопходни за да се допринесе за почиста околина и поздрава планета.
Но не било отсекогаш така, но поранешната негрижа од страна на фактор човек допринесе да се внимава денес од било кога.
Поимот екологига ("oekologie") е составен во 1866 година од страна на германскиот биолог, Ернст Хекел, од грчкиот oikos што значи „домаќинство“ и logos што значи „наука“, или наука за домот. Со ова се гледа дека оваа наука или поим е релативно млад, односно стотина година. За да се зачува планетата земја, човекот како најсовршен жив организам највеќе треба да се грижи за чиста и здрава еко планета.
Основата на животот, на земјата се: вода, воздух и земја, па затоа и еколошка чистота од страна на луѓето придонесува за здрав живот на планетата земја.
Всушност екологија е наука што ги изучува распределбата и изобилството на живи организми, односите меѓу организмите и нивната средина. Средината на организмите ги вклучува и нивните физичките карактеристики, кои можат да се опишат како сума на локални абиотички фактори како клима и геологија, како и другите организми што го делат истото живеалиште.
No comments:
Post a Comment